How to Regain Public Trust in the Media

 

Tom Law

“This is all very well but how am I going to use it when I go back to my newsroom”.

From Khartoum to Kathmandu and many places in between, this refrain has become familiar when talking about media ethics with journalists and providing training to young reporters.

Hate Speech Workshop 2017

Journalists and editors from 8 media outlets in Macedonia participated in a workshop conducted by the Ethical Journalism Network from 30-31 March 2017 in Skopje as a part of a media literacy programme run by the School of Journalism and Public Relations and the Media Diversity Institute.

On a sunny day in Skopje this spring, sitting with journalists who wanted to find innovative, constructive ways to tell difficult stories about gender, disability, and ethnicity, I found myself confronted with the same question.

While the world remains full of journalists with good intentions, trust in media in most parts of the world is troublingly low. A painful irony considering the mounting evidence that trust will be the crucial factor in the success or survival of the industry.

The World Press Trends 2017 report highlights the dangers of a race to the bottom, chasing clicks and sales with sensational and sometimes hateful reporting. With over half of revenue for the newspapers coming from selling news, either online or in print, and not through advertising, the report finds that improving trust – through accuracy, independence, fairness and impartiality, humanity, and accountability – is the key to audiences paying for high quality journalism.

But what of journalists who work for publishers and broadcasters in the Western Balkans and elsewhere whose primary raison d’être is not profit but political or social influence, or, in the case of some oligarchs and media moguls, to eventual assume political power themselves?

What advice and support can we give journalists who are working in newsrooms whose owners are driven by self-interest rather than a desire to play a positive role in society by publishing information that empowers the public to make informed decisions about the things effecting their lives and enabling the proper functioning of a democracy? 

Struggling for answers, I put this dilemma to trust expert Racheal Botsman at the recent launch of her new book, Who Can You Trust?: “If I was a journalist in a media organisation, I would ask two questions. How are your intentions as a media company aligned with the public? And who is accountable around here when things go wrong?”

Media organisations need to be “much clearer and more upfront about their intentions and where they’re coming from”, she added.

Botsman argues that the trust that we used to place in institutions has been redistributed onto mobile applications like Uber, which enables over 40 million people a week to get into what is essentially a stranger’s car, rather than choosing a regular taxi.

Many of us still wouldn’t but we might trust technology in others ways. Has anyone of us not at some point fallen for an outrageous story published on our Facebook feed by a close friend that fits perfectly with our worldview or plays on our worst fears?

Malicious state actors (as well as entrepreneurial teenagers in the Macedonian city Veles) are exposing the ethical loop holes in Google and Facebook’s advertising duopoly to put their falsehoods and propaganda into our social feeds based on scarily detailed profiling.

Investigative journalism is why we know both of those troubling facts.

Most journalists and media do an honest job, but, as studies by the Ethical Journalism Network show, “in times of financial crisis some cut corners and betray their ethical principles. In every country insiders know what is going on, but too often they are reluctant to talk about it openly.”

So, what advice can we give to young journalists buffeted by the head winds of proprietorial entrenched self-interest? Firstly there are always steps they can take to maintain personal independence and integrity, such as the way they deal with sources. Secondly, there are examples of journalists who decided that, rather than to leave their positions because of concerns over conflicts of interested and other ethical issues, they would bide their time and are able to improve transparency, accountability and better editorial standards as they rise through the ranks.

But if journalism as a whole is to regain the trust it has lost with the public and fund quality journalism in the parts of the world that need it most, media owners, managers and senior editors who are in their positions today must reflect honestly on whether their organisations are fit to meet this challenge. The situation is too critical for these changes to be put off for another generation to deal with.

For those who do want to become more accountable to their audiences and better live up to the values that underpin our profession, the Ethical Journalism Network stands ready and willing to support them.


You can also read this article in Macedonian thanks to HOBA Makedonia, who published the article as an opinion peice.

Како медиумите да ја вратат довербата на јавноста

„Сето ова е супер, но како да го искористам кога ќе се вратам во редакција?“. Од Картум до Катманду и на многу места помеѓу нив, овој рефрен станува сѐ попознат додека дискутираме со новинарите за етиката на медиумите и за време на обуките со млади репортери.

Летоска, еден сончев ден во Скопје, додека седев со новинари што бараа иновативни и конструктивни начини да раскажат тешки приказни за родовата еднаквост, инвалидитетот и етничката припадност, и самиот се соочив со истото прашање.

Светот и денес е полн со добронамерни новинари, но, сепак, довербата во медиумите кај мнозинството е алармантно ниска. Иронијата е до толку поголема, затоа што добиваме сè повеќе докази дека за да може оваа индустрија да опстане, еден од клучните фактори е довербата.

Извештајот за трендовите на светскиот печат 2017 ги нагласува опасностите од оваа трка, која трага по кликови и продажба преку сензационализам во известувањето, а неретко и со ширење омраза.

Повеќе од половината од приходите на весниците не доаѓаат од рекламирање, туку од продажба на вести, без разлика дали се онлајн или во печатена форма.

Затоа во извештајот се вели дека зголемувањето на довербата – преку точност, независност, праведност и непристрасност, човечност и одговорност – е клучно за публиката, која плаќа за висококвалитетно новинарство.
Но што станува со новинарите што работат за издавачки и радиодифузни куќи на Западен Балкан и на други места каде што главната причина за постоење не е профит, туку е политичко или општествено влијание, или во ситуации каде што постојат олигарси или медиумски моќници, вклучувајќи ја и можноста на крајот самите да ја преземат политичката моќ? Какви совети и поддршка можеме да им дадеме на новинарите во редакциите чии сопственици се водат од личните интереси наместо од желбата да играат позитивна улога во општеството и да објавуваат информации со кои јавноста би можела да носи информирани одлуки за работите што ним им се важни и со кои демократијата може соодветно да функционира?

Во потрагата по одговори, на експертката за доверба Рејчел Ботсман на неодамнешната промоција на нејзината нова книга, „Кому може да му верувате?“, ѝ го поставив прашањето: „Кога јас би бил новинарка во медиумска организација, би си поставила две прашања: како вие како медиумска компанија ги усогласувате вашите намери со интересите на јавноста и кој е одговорен кога нешто ќе тргне наопаку?“.

Медиумските организации треба да бидат „многу појасни и подиректни кога станува збор за нивните намери и за тоа која гледна точка тие ја застапуваат“, додаде таа. Ботсман тврди дека довербата што порано сме ја имале во институциите сега е прераспоредена на мобилни апликации, како на пример Убер, што им овозможува на повеќе од 40 милиони луѓе неделно всушност да влезат во автомобил на непознат човек наместо да одберат нормално такси.
Многумина од нас уште не би го сториле тоа, но и ние имаме свои начини на кои ѝ веруваме на технологијата. Има ли некој што досега не поверувал во некоја неверојатна приказна објавена на Фејсбук од некој наш близок пријател, која совршено се совпаѓа со нашиот поглед на светот или е во врска со нашите најголеми стравувања?

Актерите што ѝ штетат на државата (како и тинејџерите од македонскиот град Велес што имале претприемачки дух) ги откриваат етичките јамки во рекламниот дуопол на Гугл и Фејсбук, преку кои ги пласираат своите лажни објави и пропаганда што нам ни се појавуваат на социјалните мрежи, а се поткрепени со застрашувачки детално профилирање.
Овие два вознемирувачки факти ни се познати благодарение на истражувачкото новинарство.
Поголемиот дел новинари и медиуми чесно си ја работат својата работа, како што покажаа проучувањата на Мрежата за етичко новинарство, „во време на финансиска криза, некои за да заштедат време или средства, го жртвуваат квалитетот и ги занемаруваат своите етички принципи. Во секоја земја, луѓето што работат во дадена бранша знаат што се случува, но честопати не се осмелуваат отворено да зборуваат за тоа“.

Тогаш, каков совет да им дадеме на младите новинари што стојат против силите на оние чиј приоритет им е личниот интерес? Прво, секогаш има чекори што може да се преземат за да ги задржат личната независност и интегритет, како што е начинот на кој тие постапуваат со изворите. Второ, има примери за новинари што решиле да не ја напуштат својата позиција поради конфликт на интереси или други етички проблеми, па, наместо тоа, одлучиле да бидат трпеливи за да можат да ги подобрат транспарентноста, одговорноста и уредничките стандарди со нивното напредување на професионалното скалило.  Сепак, за новинарството во целина да ја врати довербата што ја изгуби од јавноста и за да може да се финансира квалитетното новинарство онаму каде што е најпотребно, медиумските сопственици, управителите и главните уредници мора искрено да размислат дали нивните организации се способни да одговорат на тој предизвик. Ситуацијата е премногу критична за ваквите промени да се одложат и да ги решава следната генерација.

За оние што сакаат да станат поодговорни пред своите публики и подобро да ги почитуваат вредностите што се основа на нашата професија, Мрежата за етичко новинарство е подготвена и има желба да ги поддржи.

(Авторот е директор за кампањи и комуникација во Мрежата за етичко новинарство од Лондон, В. Британија)